Go2 Makedonija > Евиа SUMMER FUN PARTY

Евиа, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеќу домашното население.

Главниот град на островот е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Овој остров е богат со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островот се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос.
1.
dan

21.Јули ПРВ Термин / 30.Јули ВТОР Термин 2017 Македонија-Грција
Поаѓање од Скопје во раните утрински часови.Возење низ Македонија до граничниот премин со Грција.Кратка пауза поради царинските и пасошките формалности. Влез во соседна Грција и возење кон пристаништето Глифа.

2-10.
dan

21– 29 Јули ПРВ Термин / 30.Јули – 7.Август ВТОР Термин 2017– Евиа
Пристигнување на Глифа во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Евиа. Пристигнување во градчето Епидсос-Евиа,сместување во одбраните вили/апартмани/хотели и престој во истите 9 ноќевања. Во текот на Вашиот одмор Ви нудиме факултативни излети,дневни и ноќни забави,крстарења и забави на брод,посета на островот Скијатос и најубавата плажа Кукунариес,излет во Атина,разглед на Вулканските острови (познати како Грчките Сејшели).Исто така Ве носиме на целодневните организирани излети на плажите Порто Пефко,Неос Пиргос,Пефки и разглед на фантастичниот главен град Халкида.

11.
dan

30. Јули ПРВ Термин / 8. Август ВТОР Термин 2017. Евиа-Македонија
Напуштање на сместувањето во пладневните часови. Следи трансфер со траект до Глифа,понатаму автобуски превоз низ Грција до Македонија. Пристигнување во Македонија во ноќните часови.

РЕДОВЕН ЦЕНОВНИК

Цена на аранжманот по лице.
Цената е дадена во евра.Плаќање исклучиво во денари (1 евра = 62 денари).
Цената е за наем на соба/студио за 9 ноќевања со вклучен превоз.

HOTEL   20. jul-31.jul.2017 29. jul – 09. avgust.2017
1/2 1/3 1/4 1/5 1/6 1/2 1/3 1/4 1/5 1/6
DIMITRA 2* NA* 189 169 x x x 185 165 x x x
KAPOLOS SPA 2* NA* 199 195 185 x x 199 189 179 x x
METROPOL 2* NA* 195 175 x x x 185 165 x x x
NEW ELENI HOUSE NA 195 x 165 x x 189 x 159 x x
OREI 2* NA* 195 175 x x x 189 169 x x x
GARIFALIA 2* NA x x 169 x 149 x x 165 x 145
VASILIKI 2* NA* 195 175 x x x 185 165 x x x
PALADION 2* NA* 189 179 x x x x x x x x
 
HOTEL   07. avgust – 18. avgust.2017
1/2 1/3 1/4 1/5 1/6
DIMITRA 2* NA* x x x x x
KAPOLOS SPA 2* NA* 189 179 169 x x
METROPOL 2* NA* 175 149 x x x
NEW ELENI HOUSE NA 179 x 149 x x
OREI 2* NA* x x x x x
GARIFALIA 2* NA x x x x x
VASILIKI 2* NA* x x x x x
PALADION 2* NA* x x x x x
 

НАПОМЕНИ:

**Хотелските соби се стандардни,без кујна.

**Можност за доплата за полупансион (појадок и вечера) - 60 евра за цела смена по лице.

**Понудата е со вклучен превоз. За сопствен превоз плаќате 30 евра помалку по лице.

**Плаќањето е во денарска противредност (1 евра = 62 денари). Начин на плаќање: Готовински - 30% од аранжманот се уплаќа на денот на направената резервација.Остатокот треба да се доплати најдоцна на 20 дена пред реализација на аранжманот. Со картичка - важат истите услови како и кај готовинското плаќање. Со фактура - важат истите услови како и кај готовинското плаќање.

**Рокот на важење на патните исправи треба да е минимум 3 месеци пред истекувањето.Патниците сами сносат одговорност доколку имаат невалидни патни исправи.

**Малолетни лица мораат да имаат заверена согласност за патување надвор од границите без родител.

**Факултативните излети не се задолжителни.Нивните термини се променливи и зависат од слободните термини по локалитетот кој е цел на посета.Тие се организирани од локалните Грчки туристички агенции и за нив важат општите услови на патување.Патниците кои нема да бидат задоволни од некоја од факултативните излети рекламациите можат да ги упатат директно во локалната туристичка агенција која е организатор. Организаторот не е одговорен и не може на го гарантира квалитетот и должината на траењето на дневните и ноќните забави како и останатите манифестации.

**Категоризацијата и класификацијата на хотелите и апартманите е локална.

**Организаторот има право на измени во однос на сместувачките капацитети или откажување на аранжманот а за тоа е должен да го извести патникот најдоцна 7 дена пред патувањето.

**Аранжманите се организирани за минимум 40 патници.

Во случај на недоволен број пријавени патници,организаторот го задржува правото на откажување на аранжманот 7 дена пред патувањето.

За програмот ЕВИА 2017 важат опшите услови на патување.
139

Темин II / 30. јули - 08. август 2017.

10 денови / 9 ноќевања / Аутобус

Detaljnije o smeštaju
139

Термин I / 21. јули - 30. јули 2017.

11 денови / 9 ноќевања / Аутобус

Detaljnije o smeštaju
139

Термин III / 07.08-18.08.

10 денови / 9 ноќевања / Аутобус

Detaljnije o smeštaju

  Fakultative

Вулкански острови - Лихадонисиа

Посета на групата острови,кои настанале од пред неколку илјади години од вулкански ерупции.Порано биле населени,но денес се пространство на недопрена природа. Поради својот атрактивен изглед,преубавата природа овој архипелаг го нарекуваат ``Грчките Сејшели``. Во текот на обиколката на архипелагот се гледаат остатоци од потонати бродови на длабочина од околу 10 метра како и весели морски животни-фоки. Следи разглед на старото разрушено село како и остатоците од манастирот. На една од плажите остануваме неколку саати и имаме организиран ручек. Остатокот од времето го поминуваме одморајќи се на прекрасната песочна плажа и пливајќи во кристално чистото море.

Скиатос и плажата Кукунариес

Од пристаништето Пефки одиме на феноменалната песочна плажа Кукунариес каде што поминуваме 3 часа.Индивидуално можност за водени спортови. Заминуваме кон главниот град на островот кој што е одалечен 30 мин.возење со брод.Слободно време од 3 часа за разглед на градот,ручек,индивидуална посета на црквата Св.Никола како и куќата на познатиот писател Пападијамантис. Предлог посета на романтичната ``pillow street`` улица,некој од локалните барови...

Атина

Излетот за Атина го започнуваме во утринските часови.На пат кон Грчката престолнина застануваме во местото Прокопи каде што имаме разглед на црквата Св.Јован Руса.Во продолжение на патувањето го посетуваме главниот град на островот Евиа,каде поминуваме низ стариот мост и го фотографираме истиот. По пристигнувањето во Атина одиме на разглед на плоштадите Омонија,Караискаки,Синтагма,потоа парламентот (каде што ќе видиме смена на стражарите),Адријановата порта,Запио паркот,стадионот...Потоа следи факултативна посета на Атинскиот Акропол и музејот.

Summer Fun Завава на брод

Целодневното крстарење со брод кое не смеете да го пропуштите на овој остров.Спојот на сонце,море,добра музика и многу млади на брод кои се дојдени со цел да се забавуваат и да го истражат островот и неговите скриени убавини.Позитивната енергија,добритевибрации,музика за која е задолжен нашиот DJќе бидат составен ден на нашето крстарење.Ќе уживаме во најубавите пејсажи кои ни се нудат единствено со разглед од брод,ќе го дочекаме заоѓањето на сонцето и со најубави спомени ќе се вратиме на Едипсос,каде што продолжуваме со ноќна забава.